X
 22.07.2021 Живот

Летно дружење со „Светот на Биби“ - Биби доаѓа во Струмица!

Биби го продолжува своето патување, следна е Струмица! Настанот ќе се одржи утре, 23 јули, со почеток во 19:30 часот. Локацијата е веднаш спроти катчето на „Светот на Биби“ во Струмица, во малиот парк. Децата и нивните родители, роднини и пријатели ќе играат на хитовите од првата македонска анимирана серија за деца и ќе имаат можност во живо да ја запознаат хероината Биби.

- Секој град носи посебна магија, а веруваме дека во Струмица ќе биде особено интересно. Со нетрпение го очекуваме ова дружење, кое конечно ќе се случи во живо. По долгото седење дома и виртуелните дружби, сите се радуваме на можноста заедно да се забавуваме под отворено небо – велат од „Светот на Биби“.

Оттаму ветуваат убава дружба и енергија и ги покануваат сите обожаватели на „Светот на Биби“ да дојдат на барем еден од летните настани што следуваат.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот