X
 25.01.2024 Живот

Оваа европска земја е најлоша за возење

Секоја година илјадници возачи патуваат низ Европа за да ги видат и доживеат разновидните култури. Додека италијанскиот, шпанскиот и францускиот брег најчесто се посетени поради нивните прекрасни плажи и спектакуларни пејзажи, некои патуваат во внатрешноста за да ги посетат храмовите, црквите и античките урнатини.

На тој пат, тие често поминуваат низ многу земји. Остануваат во некои, минуваат низ други, но сепак успеваат да ги видат патиштата на секоја европска земја.

Така, истражувањето на Меѓународната асоцијација на возачи ја откри најлошата европска земја за возење.

Според истражувањето, Романија е најлошата европска земја за возење, откако беа земени предвид неколку фактори, вклучувајќи го квалитетот на патиштата и цените на горивото.

Истражувањето откри дека иако Романија има 441 автомобил на 1.000 луѓе, оваа земја има малку патишта, што значи дека на многу автопати има метеж. Освен тоа, во истражување спроведено во 2022 година открија дека Романија има едни од највисоките цени на бензин во споредба со другите европски соседи, како и низок квалитет на патиштата.

Во рангирањето, Романија се најде пред Бугарија, Босна и Херцеговина, Молдавија и Албанија.

Која земја е најдобра?


За разлика од Романија, Швајцарија е рангирана како најдобра европска земја за возачите. Ова во голема мера е резултат на безбедноста на патиштата, малиот број автомобили и помалите метежи на тие патишта.

- Контрастот помеѓу земјата со најлошо возење и најдобрата земја е огромен и интересно е тоа што можете да возите низ само неколку земји и да ги видите значајните разлики во условите. Тоа покажува дека повеќе автомобили на патиштата не мора да значи повеќе несреќи - изјави портпаролот на Меѓународната асоцијација на возачи.

И покрај лошата позиција на списокот, Романија е популарна меѓу туристите.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот