X
 26.06.2025 Живот

Од први јули е забрането движењето во шума

Поради зголемена опасност од појава на шумски пожари, од 1 јули до 31 август стапува во сила целосна забрана за движење во шума, соопштија денеска од ЈП Национални шуми. 

- Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП Национални шуми – Скопје, согласно член 57, став 3 од Законот за шумите, даде согласност за воведување целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште во периодот од 6:00 до 20:00 часот, на територијата со која стопанисува јавното претпријатие. Забраната се воведува со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор. Целосната забрана за движење во шума стапува во сила од 1.7.2025 година и ќе трае до 31.8.2025 година - стои во соопштението. 

Од Национални шуми додаваат дека целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште не важи за:

Министерството за внатрешни работи, Министерство за одбрана, Шумската полиција, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, ЈП Национални шуми, субјектите што вршат шумскостопански активности, сеча, дотур и транспорт на дрво и дрвни сортименти, и лица што имаат писмено одобрение за движење во шумите со кои управува ЈП Национални шуми - Скопје.

Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП Национални шуми – Скопје за подрачјето со кое стопанисуваат/управуваат.

- За спроведување на забраната, одговорни се вработените од ЈП Национални шуми кои вршат дејност заштита, Шумската полиција и МВР. За непочитување на оваа забрана на физичките лица кои ќе бидат затекнати дека се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им биде изречена парична казна од 1.500 до 2.000 евра - се истакнува во соопштението. 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот