Пратеникот Кајл Мекгин имаше сосема необично збогување при неговиот проштален говор во парламентот на Западна Австралија. Имено, тој испи пијалак од сопствениот чевел.
- Долго размислував како да го завршам овој говор - изјави Мекгин, непосредно пред да се напие од својот чевел.
Тој имаше два мандати како пратеник во австралискиот парламент, а претседателката на Законодавното собрание на Западна Австралија, Алана Клоузи, изјави дека со ваквиот чин бил на работ да го навреди достоинството на Советот.
Извор:
ВВС
Фото: Screenshot/BBC