X
 27.08.2021 Живот

„Визер“ најави четири нови линии од Македонија

Авиокомпанијата „Визер“ најави четири нови линии од Македонија до Италија, Германија и до Данска, меѓу кои од Скопје до Болоња и Торино – Италија, од Скопје до Билунд – Данска и од Охрид до Фридрихсхафен – Германија. Првите летови до новите дестинации ќе бидат во декември 2021. Картите се веќе во продажба на wizzair.com или на мобилната апликација по цени од 1.229 денари.

Новите линии ќе ги надополнат постојните услуги што веќе се користат од скопскиот и охридскиот аеродром. Новите линии до Болоња, Торино, Фридрихсхафен и Билунд ќе почнат со работа благодарение на распределбата на 5. авион на Визер-базата во Скопје.

„Визер“ ја претстави новата ера на санитарни патувања, спроведувајќи строги хигиенски мерки за заштита на патниците и екипажот. ХЕПА-филтрите на сите авиони на „Визер“ филтрираат 99,97% од вирусите и бактериите од воздухот, а пак членовите на екипажот и патниците треба да носат маски за време на летот. Вентилацискиот систем со кој е опремен секој авион е дизајниран целосно да го менува воздухот во кабината 20 пати на час, со што постојано циркулира чист воздух. 

фото: Unsplash

WIZZ AIR НАЈАВИ ЧЕТИРИ НОВИ РУТИ OД СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 

Скопје, 27 Август, 2021: Aviokompanijata Wizz Air најави четири нови рути од Македонија до Италија, Германија и Данска, меѓу кои од Скопје до Болоња и Торино – Италија, од Скопје до Билунд – Данска и од Охрид до Фридрихсхафен – Германија. Првите летови до новите дестинации ќе бидат во Декември 2021. Картите се веќе во продажба на wizzair.com или на мобилната апликација со цени од 1.229 денари.

Новите линии ќе ги надополнат постојните услуги што веќе се користат од скопскиот и охридскиот аеродром. Новите рути до Болоња, Торино, Фридрихсхафен и Билунд ќе започнат со работа благодарение на распределбата на 5 -тиот авион на Wizz Air базата во Скопје.

Wizz Air ја претстави новата ера на санитарни патувања, спроведувајќи строги хигиенски мерки за заштита на патниците и екипажот. ХЕПА филтрите на сите авиони на Wizz Air филтрираат 99,97% од вирусите и бактериите од воздухот, а пак членовите на екипажот и патниците треба да носат маски за време на летот. Вентилацискиот систем со кој е опремен секој авион е дизајниран целосно да го променува воздухот во кабината 20 пати на час, со што постојано циркулира чист воздух. 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот