27.08.2025
Живот
Никој не се раѓа со предрасуди - силна порака во новиот видеоспот на Македонски Телеком
Македонски Телеком ја продолжува комуникациска платформа #НаправиМесто која поттикнува отвореност и меѓусебно разбирање и прифаќање. Оваа година фокусот е ставен на надминувањето на предрасудите што градат бариери и создаваат ѕидови меѓу луѓето.
Новиот спот, во кој се појавува популарниот македонски актер и шоумен Игор Џамбазов, раскажува приказна за тоа дека не се раѓаме со предрасуди, туку дека нив ги учиме од светот и од општеството што нѐ опкружува.
Наративот на оваа кампања е базиран на отвореноста на детскиот ум кој со нетрпение чека да го запознае светот и потсетува колку се важни вредностите што ги стекнуваме како деца. Создавањето на вредностите започнува од најмали нозе и тие треба да бидат базирани на почит, толеранција и вистинска конекција. Намалување наместо истакнување на разликите. Зближување наместо создавање граници. Секој лош збор, секој охрабрен стереотип и секое погрешно верување може да биде болка во нечиј живот. Ама и секој кренат глас, секоја добра мисла и секој хуман гест можат да бидат пример кој ќе покаже дека предрасудите и стереотипите можат да се победат.
Новата кампања повторно повикува на вистинско поврзување и рушење на бариерите. Со адресирање на предрасудите и повикот за нивно надминување, Македонски Телеком како бренд продолжува да работи на градење вистинска поврзаност помеѓу луѓето.
Креативниот концепт за оваа кампања е на маркетинг-агенција Saatchi&Saatchi, дел од Publicis Skopje, а продукцијата е на Сектор филм.