X
 27.10.2022 Технологија

Нова дигитална програма за лојалност и наградување за корисниците на Македонски телеком

Поволностите и попустите се достапни преку TelekomMK апликацијата

За да ја награди лојалноста на корисниците, Македонски телеком почнува нова дигитална програма за лојалност и наградување. Оваа програма е создадена за сите приватни и деловни постпејд и фиксни корисници што ја користат апликацијата Telekom MK.

Сите поволности и понуди од многубројните партнери може да се одберат и активираат со еден клик на банерот „Искористи го моментот“ на насловната страница на апликацијата. Попустите се од областите: техника, трговија, едукација, здравје, дом и уредување, автомото, патувања и многу други. Со активацијата на корисникот му се генерира единствен QR-код кој треба да го приложи и верификува кај партнерите.

Нема ограничување на бројот на различни поволности што може да ги активира еден корисник, а секој корисник може да ги активира посебно за секоја линија што ја има најавено на апликацијата Telekom MK.

Бројот на партнерите и понудите секојдневно ќе се менува и збогатува, затоа е корисно секојдневно да се проверува апликацијата за да се искористат најновите понуди вклучени во листата.

Македонски телеком ја препознава и ја цени посветеноста на корисниците и токму затоа ја создаде дигиталната програма за лојалност со одлични попусти од голем број партнери.

Повеќе информации на линкот
Преземете ја TelekomMK апликацијата на линкот

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Технологија