X
 17.12.2025 Живот

Фотографии од поранешна Југославија: Вака некогаш се славеше Нова година и бевме посреќни

За време на летните годишни одмори на социјалните мрежи задолжително се појавуваат фотографии од периодот на поранешна Југославија, проследени со описи за тоа како летувањето пред 40 и повеќе години било незаборавно искуство. Возење со „фичо“ на горештините, спиење на плажа, сечење домати и сланина и слично.

1

Кога ќе дојде периодот на празниците, се повторува слична ситуација. Фотографии (вистински и генерирани со помош на вештачка интелигенција) на кои членовите на домаќинството се собрани околу телевизорот, а на масата има руска салата, кифлички, пијалаци и пораката е иста - некогаш било подобро и поубаво.

Сеќавањe на празниците


„Никогаш повеќе нема да биде така. Сега гледам како по продавниците туркаат големи колички како никогаш да не јаделе“. „Денес сè се гледа низ пари, луѓето ја изгубија душата“. „Денес сè е вештачко и без душа“.
„Оваа фотографија ми буди носталгија за некои подобри времиња“. „Повесело отколку денес“, се само некои од многуте коментари под ваквите фотографии.

 

И денес луѓето се собираат, се дружат, не гледаат сè низ пари (бидејќи пари нема), среќни се и ги поминуваат празниците заедно. Единствената разлика е што старите фотографии будат носталгија, но тоа не значи дека било подобро или полошо, само било поинаку.

Извор: Nova.rs
Фото: Facebook
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот