X
 28.05.2021 Наука

Луѓето не можат да преживеат на Марс без соодветна опрема, еве зошто

Доколку сакате да бидете едни од првите луѓе што ќе живеат на Марс, можеби треба да бидете подготвени за некои негативни сценарија што би можеле да се случат на оваа планета.

Без соодветна опрема, животот на Марс е невозможен за луѓето. Пред сè, водата во вашето тело би изврила поради ретката атмосфера на Марс, покажува видео од „Мешбол“. Секако, на Марс нема кислород, кој исто така е потребен за живот.

Друг проблем со Марс е високото ниво на радијација, кое исто така е предизвикано од ретката атмосфера. Би ви бил потребен крем за сончање со заштитен фактор од 10.000.

Доколку би ги преживеале сите овие проблеми, треба да знаете дека почвата на Марс е отровна, па не би можеле на неа да одгледувате храна. Понатаму, температурата на Марс може да се спушти и до 40 Целзиусови степени под нулата, а на планетата постојано има силни и долги пустински невремиња што може да траат и цел месец.



Извор: mashable.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука