X
 09.11.2016 Наука

Како би изгледало доколку би живееле на Марс?

Постои шанса порано или подоцна да се преселите подалеку отколку што сте мислеле. И тоа на Марс.


National Geographic објавиле како би изгледало доколку би живееле на црвената планета. Идејата се однесува на блиска иднина и тоа 2037-ма година во „Valles Marineris“, огромен предел со канјони, а куќата е обликувана како игло. Се работи за куќа изградена од рециклирани делови од вселенски летала и почва од Марс, наречена „реголит“, која е трансформирана во цигли. Некои делови од домот се познати – кујна, спална соба, но има и суштински разлики кои се есенцијални за човековиот опстанок.

Бидејќи атмосферата на Марс е околу една стотинка густа од онаа на Земјината, луѓето ќе мораат постојано да се заштитуваат од сонце, односно би се движеле најмногу внатре. Повеќето од објектите ќе бидат поврзани со подземни тунели, а куќите би немале прозорци. Би биле опремени со соларна светлина, или природно светло кое е прекршено неколку пати.

Ѕидовите би биле дебели околу 3,5 метри, за да ги заштита луѓето од опасните космички зрачења кои можат да поминат низ речиси 2 метри дебело челик, а би имало и двоен влез за домот да биде под притисок.

Научниците сметаат дека оваа идеја не е само научна фантастика, односно веруваат дека за 10 до 20 години луѓето дефинитивно ќе се најдат на Марс.

Претприемачот Елон Маск сака да испрати луѓе на Марс до 2024-та годин, а до 2050-та бројката да се искачи на 80 илјади лица. Приватниот сектор ги форсира владините агенции за реализирање на овие планови, а и влијателните филмови како „Gravity“ и „The Martian“, веќе го привлекуваат вниманието на јавноста во врска со ова прашање.
Научниците се оптимистични за идниот живот на Марс. Сметаат дека ваквата идеја воопшто не е застрашувачка, напротив величенствена.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука