X
 30.12.2022 Живот

А1 Македонија донира безбеден безжичен интернет за дечињата на Клиниката за детска хирургија

Мали гестови за големи празници

Доследна на својата мисија за општествено одговорно дејствување, а во пресрет на новогодишните празници, А1 Македонија донира бесплатен безбеден безжичен интернет за дечињата на ЈЗУ Клиника за детска хирургија. Со овој мал гест А1 ја потврдува стратешката определба да биде социјално одговорна компанија која одржува високи етички стандарди, да придонесува во општеството покажувајќи поддршка за заедницата и да помогне онаму каде што е потребно.

- Голема благодарност до А1 Македонија за брзата одлука и реализација на донацијата. Ваквите вложувања ни помагаат да го одржиме модерниот начин на поврзаност и да додадеме вредност за пациентите и на деновите поминати во болнички услови. Тоа што донацијата е пред новогодишните празници ѝ дава специфична тежина и значење за сите пациенти сместени на клиниката - изјави м-р Елмедин Асани, директор на ЈЗУ Клиника за детска хирургија.

Со донацијата, бесплатен и безбеден интернет добиваат сите мали пациенти сместени на клиниката, посетителите и персоналот на Клиниката кој деноноќно се грижи за здравствената состојба на пациентите сместени на детската хирургија.

- Нашата определба да донираме и да вложуваме во заедницата е искрена и долгорочна. Таа произлегува од желбата да издвоиме дел од компаниските приходи за активности кои се значајни за општеството. Особено сме среќни и задоволни што овој пат средствата одат во обезбедување непречена и безбедна комуникација за малите пациенти сместени на Клиниката за детска хирургија, а особено сега кога претстојните празници ќе ги поминат токму на клиниката бидејќи имаат потреба од третман и здравствена заштита - изјави Методија Мирчев, извршен директор на А1 Македонија.

Под мотото „За подобар свет”, во рамките на програмата ESG (environmental, social and corporate governance), A1 Македонија е целосно посветена кон развој и реализација на општествено одговорни проекти во областа на животната средина, дигиталната писменост и корпоративно управување.


(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот