X
 31.12.2021 Наука

Илон Маск очекува луѓето да стапнат на Марс за најмногу 10 години

Јавноста и медиумите честопати го прашуваат претприемачот Илон Маск кога луѓето ќе стапнат на Марс. Овој пат неговото предвидување е амбициозно.

Во интервју, Маск изјавил дека луѓето ќе слетаат на Марс за помалку од 10 години. Кога бил прашан кога неговата компанија „Спејс-екс“ ќе однесе луѓе на Марс, тој одговорил дека во најдобро сценарио, тоа ќе се случи за околу 5 години, а во најлошо за 10 години.

Маск објаснил дека најголемите предизвици за компанијата се градење соодветна ракета со тежина која ќе овозможи полетување во орбитата и летање до Марс, притоа минимизирајќи ја цената за ваквиот подвиг.


Според сегашната технологија, би биле потребни над 1 билион долари за да стигнете на Марс, а Маск се надева дека трошоците ќе бидат намалени за околу 100 милијарди долари или 200 милијарди долари годишно. За споредба, американската вселенска агенција НАСА има буџет од 546,5 милиони долари за програмата за истражување на Марс со ровер во 2020, а издвоила 6,88 милијарди долари годинава за програмата за испраќање астронаути на Месечината.

Едно патување до Марс со луѓе би траело околу 8 месеци, а до 2031 година НАСА се надева дека ќе има трајна база на Месечината.

Извор: Interesting Engineering
Фото: YouTube (Printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука