X
 02.06.2018 Живот

Хавајскиот вулкан си создава и временски околности

Неколку недели со ред хавајскиот вулкан Килауеа исфрла камења, пепел и гас. Поскоро или подоцна сета оваа активност беше очекувано да има некакво влијание на локалните временски околности.

Научниците од Хавајската вулканска опсерваторија забележаа карактеристичен вид на облак поврзан со вулкански ерупции над отворите во местото Лејлани Естејтс и тој може да предизвика бури.

Феноменот наречен облак пирокумулус или фламагенитус може да се види кога кумулонимбусот ќе се издигне над вулкан кој еруптира.

-Овие облаци се интересни за гледање, но, како и нормалните кумулус облаци, можат да предизвикаат бура - стои во објаснувањето на Геолошки топографски институт на САД (УСГС).

Бурата предизвикана од пирокулумус не би била голема закана. Тие се создаваат од истата метеорологија како и повеќето динамични временски системи - жештината создава конвекциски струи кои креваат воздух на ниво каде може да се излади. Влажноста на воздухот тогаш кондензира и формира облак. Ако честичките енергично се судрат на нивното патување, може да се создадат грмотевици.

Нема гаранција дека овие облаци ќе се трнсформираат во спектакуларни временски настани, но за вулканолозите е интересно како овие облаци можат да се формираат над отвори  наспроти експлозивните ерупции.

Фото: Science Alert

Тоа не ги прави целосно безопасни. Сулфурниот диоксид од отворите на вулканот може да ја зголеми киселоста на дождот и може да направи проблеми со флората во областа. Другиот проблем е зголеменото ниво на вулкански смог.

Фините честички задржани во атмосферата можат да бидат однесени со ветрот и тоа може да предизвика здравствени проблеми за оние кои ќе се најдат на патот.

-На жителите им се препорачува минимално да се изложуваат на овие вулкански честички, кои може да предизвикаат иритација на кожата и очите слично како вулканската пепел - порачуваат од УСДС.

За локалните жители неколку разџагорени облаци или пороен дожд со грмотевици и не е толку возбудливо нешто. Особено кога треба да бегате од лавата или да гледате како ви го голта домот. Но, вулканолозите го третираат настанот како можност да проучат редок феномен и да создадат подетална слика за тоа како вулканите влијаат на нашата клима.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот