X
 03.05.2019 Образование

ФБЕ и ИБЕ организираа меѓународна Еразмус+ недела и Меѓународна конференција за одржлив развој во бизнисот и економијата

Факултетот за бизнис економија (ФБЕ) и Институтот за бизнис економија (ИБЕ) организираа два настана во текот на април – прва меѓународна Еразмус+ недела и прва Меѓународна конференција за одржлив развој во бизнисот и економијата.

Првата меѓународна Еразмус+ недела траеше 5 дена (8-12 април) и на неа присуствуваа 34 учесници од 20 универзитети од 7 различни европски земји (Германија, Литванија, Полска, Турција, Романија, Хрватска и Република Северна Македонија). Неделата започна со обраќање на директорите на ФБЕ и на ИБЕ, како и обраќање и презентација од претставници на Националната агенција за европски програми и мобилност.

Во наредните денови беа организирани работилници и групни сесии за размена на искуства поврзани со Еразмус+ програмите (Клучна акција 1 и Клучна акција 2), можности за идни соработки на проекти, сесии фокусирани на службата за студентски прашања, кариерен центар итн. Професорите што ја посетија меѓународната недела одржаа гостински предавања пред студентите на ФБЕ и на ИБЕ во текот на неделата.



На последниот ден од меѓународната недела (12 април) беше организирана првата Меѓународна конференција за одржлив развој во бизнисот и економијата. На конференцијата беа пријавени 20 автори на трудови, кои ги презентираа своите научни откритија во рамките на соодветната област на истражување.

Карактеристичен аспект на конференцијата беше фокусот на одржлив развој, кој се провлекуваше како основен сегмент во секој од трудовите. Настанот предизвика голем интерес кај академската заедница и покрај авторите на трудовите, свое присуство како слушатели имаа други професори и предавачи, претставници од Националната агенција за европски програми и мобилност, како и студенти.



Сите апстракти од поднесените трудови ќе бидат објавени во „Conference proceedings” и соодветно дел од трудовите во целосна форма ќе бидат публикувани во меѓународното списание  „Journal of Sustainable Development“. Учесниците добија сертификати и со позитивни искуства ја завршија неделата и нивната посета во Република Северна Македонија. Настаните беа организирани преку Еразмус+ програмата за мобилност и размена.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование