X
 03.05.2023 Наука

Анимација покажува колку се големи црните дупки

Американската вселенска агенција НАСА објави анимација која покажува колкава е големината на супермасивните црни дупки.

Една супермасивна црна дупка може да има маса поголема за најмалку 100.000 пати од онаа на Сонцето. Овие податоци покажуваат дека станува збор за нешто огромно, но тешко е да се замисли навистина колку големи се тие. Научниците не знаат како црните дупки стануваат толку големи, но досега биле откриени над 100 супермасивни црни дупки само со вселенскиот телескоп „Хабл“, открива теоретскиот астрофизичар Џереми Шнитмен.

Една од најголемите црни дупки кои биле откриени е позната како ТОН-618. Во 2004 година, научниците измериле дека нејзината маса изнесува колку 66 милијарди маси на Сонцето.

Во продолжение е анимација од НАСА која покажува колкави се црните дупки во однос на другите вселенски тела.


Извор: Science alert
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука