X
 04.01.2024 Образование

МОН објави конкурси за стипендии за магистранди и докторанди

Министерството за образование и наука ги објави конкурсите за доделување стипендии за академски студии од втор и трет циклус за академската 2023/2024.

За втор циклус е предвидено да бидат доделени 50 стипендии, а висината на стипендијата за студии од втор циклус изнесува 9.000 денари, за девет месеци во текот на академската година на која се запишале студентите.

ТУКА можете да го видите конкурсот за стипендиите за втор циклус.

За трет циклус ќе бидат доделени 15 стипендии во висина од 18.000 денари.

ТУКА можете да го видите конкурсот за овие стипендии.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование