X
 08.02.2024 Наука

Историјата на тестовите за интелигенција не покажа најдобри резултати: Колку е навистина важен IQ?

IQ често се смета за стандард за мерење на интелигенцијата. Сепак, не сите се целосно убедени дека IQ e стандард за нивото на интелигенција на една личност. Некои тврдат дека IQ не е во состојба да ја објасни богатата разновидност на човечките умови.

Што, всушност, е IQ?


Тестовите за интелигенција го променија светот, но имаат скромни почетоци. Нивното потекло се поврзува со 1905 година кога психолозите Алфред Бине и Теодор Симон смислиле тест за да видат на кои ученици во Франција им била потребна дополнителна помош во учењето.

Децата биле оценувани според три клучни вештини: вербално расудување, работна меморија и визуелно-просторни вештини во споредба со другите на нивна возраст.

Ова стана основа на современите тестови за интелигенција, иако дури во 1912 година германскиот психолог и филозоф Вилијам Стерн го измислил терминот IQ, што е кратенка за коефициент на интелигенција.

Еден од првите случаи во кои тестовите слични на коефициентот на интелигенција биле широко користени бил за време на процесот на селекција на американската армија во Првата светска војна. За да се одреди на кои регрути кои задачи треба да им се доделат, им бил даден тест за интелигенција дизајниран од психологот Роберт Јеркс.

Биле тестирани околу 1,7 милиони мажи, обезбедувајќи им на истражувачите огромна количина на податоци за интелигенцијата и демографијата. Научниците што ги проучувале резултатите дошле до три заклучоци: интелигенцијата е генетска, вродена и може прецизно да се сведе на еден број.

Поради раширениот фанатизам и национализам од тоа време, наодите брзо станале дел од лоши дебати за расата. Резултатите биле преземени од еугеничарите за да направат лажни тврдења дека одредени расни групи, особено црнците, се помалку интелигентни.

Расата и коефициентот на интелигенција станале лажно поврзани, користени за поттикнување на политиките за еугеника.

Оваа идеја навлегла во американското општество низ целиот 20 век. Во 1994 година била објавена книгата „Крива на ѕвоното: Интелигенцијата и класната структура во американскиот живот“ од психологот Ричард Џ.Хернштајн и политикологот Чарлс Мареј.

Основата на книгата била дека коефициентот на интелигенција има огромно влијание врз личните исходи од животот на луѓето, дури и повеќе од нивниот социо-економски статус. Според нивната хипотеза, вашите финансиски приходи и перформансите на работа може да се предвидат според вашиот коефициент на интелигенција.

Но, како што покажува историјата, резултатите од коефициентот на интелигенција и општите тестови за интелигенција можат да завршат во погрешни раце и да се користат за зајакнување на предрасудите.

Извор: n1info.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука