X
 09.07.2021 Живот

Овие намирници треба да ги одбегнувате пред пливање

Велат дека не треба да се влегува во вода барем половина час по јадење, а постојат и одредени намирници што е подобро да се одбегнуваат пред пливање.

Лута храна

Телото најчесто ни е во хоризонтална положба додека пливаме, па киселините може да претставуваат проблем, а зачинетата храна може уште повеќе да го влоши проблемот. Затоа, пред пливањето не консумирајте лута храна.

Овошни сокови и газирани пијалаци

Наместо овошни сокови и газирани пијалаци кои може да предизвикаат надуеност и грчеви, пред пливање пијте вода. Составот на овошните сокови и газираните пијалаци создава притисок врз надворешниот слој на абдоминалниот ѕид, што може да го отежни пливањето.


Фото: Pixabay

Алкохол

Алкохолните пијалаци ја намалуваат способноста за реагирање и процена, а тоа може да биде особено опасно кога станува збор за влегување во вода. Затоа е најбезбедно да се одбегнува алкохол пред влегување во вода.

Грав, леќа, грашок

Гравот, леќата и грашокот содржат многу влакна кои се добри за здравјето, но може да предизвикаат надуеност или грчеви.

Енергетски пијалаци

Енергетските пијалаци може да ви предизвикаат дијареја или мачнини додека сте во вода, а постои и опасност од дехидратација.

Извор: Dnevnik
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот