X
 10.01.2023 Образование

Хрватски професори на оригинален начин ги поздравија учениците по празниците

Професорите од гимназијата „Јосип Славенски“ во Чаковец, Хрватска, секоја година ги воодушевуваат јавноста и учениците со својата оригиналност и креативност. Тие секоја година се облекуваат во костими за да ја одбележат матурата на секоја генерација, но и за да ги поздрават учениците по празниците.

Оваа година ги развеселија учениците со имитација на некои од најпознатите музичари на сите времиња. Дејвид Боуви, Лејди Гага и Битлси се некои од иконите на музиката што биле имитирани од страна на професорите.



Тие објавиле фотографии на социјалните мрежи на гимназијата. Од коментарите може да се види дека тие се вистински хит кај учениците, но и кај нивните родители.






























Извор: Moj faks
Насловна фотографија: Facebook
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование