X
 11.02.2015 Образование

Да ги научиме децата да го променат светот

Нашата цивилизација би можела да научи и преземе многу работи од нашите далечни предци кои здружени во мала заедница, наместо во монитори, гледале во небото и небесните тела. Тие ја чувствувале природата со сите сетила и целосно го доживувале светот во кој живееле.

Индијанците ги учеле своите деца дека растенијата им се браќа и сестри, што впрочем не е далеку од вистината. Децата така и се однесувале и го сакале живот свет којшто ги опкружувал. Нашата свест е насочена кон детали, и не` интересира она што е во нашиот круг на перцепција, а се` останато надвор воопшто не не` интересира. Не размислуваме. На овој мал дел во целокупниот простор и време, ние стануваме господари. Моќни луѓе. Или пак она другото. Слуги на моќта и владеењето.

Не сме свесни

Современите наоди се совпаѓаат со верувањата на првите заедници. Какви очи имале овие луѓе кои можеле да ја видат комплетната слика на универзумот? Каква моќ имале тие кога можеле без никакви инструменти да го видат, измерат и предвидат она што ние се`уште не можеме да го направиме и покрај тоа што ги имаме најсовремените средства?

Кога би избирале зборови кои ја опишуваат нашата цивилизација, тоа би биле: нервозни, алчни, агресивни, некако заглавени во две димензии. Како се случи сето ова? Нашата свест, наместо да се проширува, за жал станува слепа и незаинтересирана за многу сдоржини. Таа се сведува на две димензии, на една димензија... Луѓето помалку гледаат и помалку слушаат - го знаат само она што им е пред носот. На пример, мониторот.

Само поединци сфаќаат колку човекот ја уништува Земјата со својата себичност, недостаток на свест и хедонизам. Но, во последно време се случува промена. Со помош на нови научни експерименти и инструменти, луѓето повторно се соочуваат со тајната на нашето постоење.

Научниците откриваат како растенијата „играат“. Тие имаат сетила - како и луѓето и животните. Си помагаат едни со други. Така на пример џбунот кој го јадат козите лачи се` повеќе и повеќе супстанција со која се брани и истовремено им јавува на другите растенија дека се во опасност и дека се наближува коза. Но, не реагираат само животните на мирис, се случува и обратно. Растенијата знаат дека им се приближуваат козите, но и козите знаат дека растенијата го знаат тоа, па така тие внимаваат како приоѓаат, се местат такашто ветрот нема да ја однесе нивната миризба. Сакаат да бидат незабележливи, бидејќи знаат дека растението ќе пушти отров. Сето ова се случува пред наши очи, а ние некако, воопшто не сме свесни за овој живот.

Се` е живо


Забораваме дека не сме сами. Земјата не е од бетон, таа е жива.

Во шумата која ја зафатил пожар, дрвјата им јавуваат на другите дрвја за опасност од оган. Во другите делови од шумата, оние кои ја примаат пораката, лачат повеќе вода. Листовите се здебелуваат, очекувајќи го пожарот. Не се заблагодаруваат љубезно илјада пати и не испраќаат честитки и подароци. Во светот на растенијата, помошта се подразбиа. Сите се свесни за високите барања на животот и учествуваат целосно, изразувајќи љубов кон заедницата. Нели е љубов кога едно дрво се грижи за друго дрво?

Драги мајки, ајде да им дадеме на нашите деца повеќе вакви примери. Наместо: „Јави и` се на тетка ти и заблагодари и` се“, можеби би можеле да им кажеме да им се заблагодарат на растенијата бидејќи поради нив секој момент добиваат кислород. Дрвото на тој начин ни се „јавува“ нас. Не ни го дава случајно она што нас ни е неопходно за живеење. Наместо  да им купуваме на децата компјутерски животни како домашни миленичиња, би можеле да им донесеме растенија кои реагираат на допир.

Навикнати сме да земаме, да трошиме и да експлоатираме. Обично се слуша: „Сине, види го она дрво, качи се, собери, најади се. Високо е? Чекај, татко ти ќе ја сечи гранката“. Растенијата се живи суштества, тоа го учевме на училиште, но одамна го заборавивме. Растенијата ни даваат тивко, без да бараат ништо за возврат. Тивко ни помагаат да преживееме, без отпор, без барање, без уценување и условување на коишто сме навикнати во комуникацијата со луѓето.

Совршен свет

Да им ги наметнеме на децата вредностите кои ќе ги направат вредни и среќним наместо да им зборуваме за нашата вселена и за совршената симетрија. Децата треба да учат да бидат среќни што живеат на Земјата, да бидат благодарни и воодушевени. Да се обидат да го променат овој ужасен свет, поради благодарност и поради љубов кон него.

Да ја подигнеме свеста на нашите деца!
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование