X
 13.01.2021 Забава

Колку заработуваат актерите од серијата „Пријатели“?

Серијата „Пријатели“ е една од најпопуларните телевизиски серии во светот, иако последната епизода беше прикажана во мај 2004 година. Затоа, не треба да изненадува тоа што главните актери Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиса Кудроу, Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер заработија богатство од серијата.

Според „Бизнис инсајдер“, во првата сезона на серијата, 6-те ѕвезди биле платени по 22.500 долари за секоја епизода. Во втората сезона дел од нив заработувале по 40.000 долари од епизода. Во третата сезона биле платени по 75.000 долари за епизода, а во четвртата платите по 85.000 долари за епизода.

Во петтата сезона, секој од 6. актери добил 100.000 долари за епизода. Во шестата сезона платата изнесувала 125.000 долари за епизода, а во седмата и осмата заработувале по 750.000 долари за епизода.

Актерите станале најплатените телевизиски актери во тоа време бидејќи заработувале по над 1 милион долари за епизода во последните две сезони од серијата.


Актерите заработуваат од серијата и по нејзиното завршување. Според „Ју-ес-еј тудеј“, секој од од нив заработува 19-20 милиони долари годишно од прикажувањата на сезоните на платформите и телевизиите.

Филмското студио што стои зад серијата, „Варнер брос“, е вистинскиот добитник. Се вели дека компанијата заработува 1 милијарда долари годишно од серијата. Актерите наскоро треба да се спојат за снимање специјална епизода која беше најавена минатата година.

Автор: Џесика Наполи
Извор: foxbusiness.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава