X
 13.06.2018 Образование

Ова се најдобрите скопски матуранти

Признанија и парични награди добија 27-мина матуранти – првенци на генерацијата од скопските гимназии на свеченоста „Средба меѓу првиот и најдобрите“ што се одржа во киното „Фросина“. Наградите на најдобрите од 22 средни училишта им ги врачи градоначалникот Петре Шилегов.


Градоналникот истакна дека првенците се на една раскрсница во животот, дека во средношколските клупи стекнале другари за цел живот, а со своите успеси си поставиле една своја основа. На матурантите им порача да ја користат таа основа, секојдневно да стекнуваат нови знаења, зашто „нивниот успех е успех токму и на градот Скопје“. Тој додаде дека в година се очекува и првата генерација матуранти од средното училиште во Сарај.
Град Скопје ги награди најдобрите средношколци-првенци во генерацијата и сите оние што на некој начин придонеле за афирмација на нивното училиште со екскурзијата „По стапките на творците на градот“.

Добитници на наградите и признанијaта се:

Анита Иванова и Оле Димитријевска од СУГС „Лазар Танев“;

Теодора Трпоска од СУГС „Јосип Броз Тито“;

Бојан Јакимовски од СУГС „Кочо Рацин“;

Тамара Андоновска од СУГС „Георги Димитров“;

Мелике Исемова од СУГС „Арсени Јовков“;

Марко Жаров од СУГС „Здравко Цветковски“;

Едвин Лековиќ од СУГС „Браќа Миладиновци“;

Валентин Стојановски од СУГС „Владо Тасевски“;

Сања Георгиева од СУГС „Димитар Влахов“;

Блин Шабани и Џемиле Идризи од СУГС „Цветан Димов“;

Кире Петковски и Давид Тиранивски од СУГС „Михајло Пупин“;

Матеј Јовановски, Шуајб Саќипи, Дарија Велкова од СУГС „д-р Панче Караѓозов“;

Дијана Ивановска и Стефан Левковски од СУГС „Боро Петрушевски“;

Леона Ебиби од СУГС „Зеф Љуш Марку“;

Симона Смилевска од СУГС „Панче Арсовски“;

Лидија Божиновска од СУГС „Васил Антевски-Дрен“;

Филип Михов од СУГС „Орце Николов“;

Елена Костовска од СУГС „Никола Карев“;

Милена Трајаноска од СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“;

Мазез Зеќири од СУГС „Марија Кири-Склодовска“;

Емануел Мухаџери од СУГС „Шаип Јусуф“.
Подготвил: С.Ѓ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование