X
 18.07.2016 Образование

Паметни, вредни и амбициозни - ова се матурантите со најдобри резултати на државната матура


 
Амбициозни, вредни, паметни, љубопитни, добри другари и чесни млади луѓе... Ваков впечаток оставаат нашите најдобри матуранти. И не, не се прогласени за најдобри од страна на нивните училишта, соученици или наставници, туку најдобри се според официјалните резултати од екстерните испити од државната матура за 2016 година кои ги добивме од Државниот испитен центар. Во семејствата каде се јавивме да ги побараме нашите најдобри матуранти, имаше вистинско славје за успехот на најмилите. Според официјалната листа на ДИЦ, најдобри пет матуранти по македонски наставен јазик се Петра Преголовски од скопската гимназија “Раде Јовчевски Корчагин“, Емилија Танчева од СОУ Јосиф Јосифовски од Гевгелија, Анамарија Радојкова исто така од “Раде Јовчевски Корчагин“, и матурантите Елена Ајтова и Драган Трајчев од средното училиште „Јахја Кемал“. Најдобри пет матуранти по албански наставен јазик се Бесар Лимани од средното Вудроу Вилсон од Тетово, потоа Миранда Мемети од СМУГС „Др Панче Караѓозов“ од Скопје, Лејла Реџепи и Ерона Беџети од тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ и Едлира Доци од скопската гимназија „Зеф Љуш Марку“. Факултети мк. ги контактираше матурантите, па ќе ви ги претставиме во неколку текстови.


Емилија Танчева - СОУ „Јосиф Јосифовски“: Општествените науки ми се појака страна

Гевгеличанката Емилија Танчева од средното училиште „Јосиф Јосифовски“ е втора на листата според резултатите од екстрните тестови на државната матура по македонски наставен јазик. Интересно е да се спомене дека од ова гевгелиско средно училиште секоја година има по некој ученик меѓу најдобрите на матурата. Емилија вели дека за државната матура не се подготвувала само последните месеци, туку континуирано учела. Оваа млада дама сака да чита книги , а слободното време го поминува волонтирајќи.

- Учев континуирано во текот на образованието, а пред матурата само го повторив целиот материјал. Како омилени предмети за изучување би ги издвоила филозофијата и социологијата. Очекував дека ќе имам високи оценки, но ме изненади веста дека сум една од најдобрите матуранти во државата. Веста бргу се рашири, сите беа среќни и горди на мене - вели Емилија.

Таа ќе студира на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“.

- Сакам да студирам психологија бидејќи општествените науки ми се посилна страна. Се надевам дека ќе напредувам како и досега со што успесите ќе ме однесат до остварување на моите соништа. Да бидам успешна во својата кариера без разлика дали тука или надвор од државата. Средното образование мислам дека е најубавиот период во животот на младите. Созреваме и ја градиме нашата личност. Имам преубави спомени кои ќе ги паметам долго - вели Емилија.


Анамарија Радојкова - гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“: Во образованието ни треба повеќе пракса

Матурантката Анамарија Радојкова од скопската гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ е меѓу петте ученици со најдобри резултати на македонски наставен јазик. Таа ни објасни дека за полагањето потребно и било релативно малку време со оглед на континуираната работа низ сите четири години од средното образование.

- По предметот македонски јазик и литература се подготвував на тој начин што одев на консултативната настава која ја одржуваше мојата професорка како и од учебниците од сите четири години. За екстерниот тест по англиски јазик исто така се подготвував кратко поради тоа што веќе ги имам полагано тестовите за успешно познавање на англиски јазик TOEFL iBT и TOEFL PBT на коипостигнав одлични резултати. По предметот филозофија, редовно ги посетував консултативните настави со професорката, што дополнително ми помогна во совладување на материјалот.

Инаку,омилени предмети за изучување ми се: англиски јазик, латински јазик, филозофија, економија и математика. Искрено, не очекував да имам толку добри резултати, а посебно бев позитивно изненадена од високиот перцентил по сите предмети. Моите најблиски беа многу среќни кога слушнаа за моите резултати, бидејќи знаеја од колкава важност ми беше да постигнам солиден резултат на државната матура - вели Анамарија.

Таа се уште не знае каде ќе го продолжи своето образование. Аплицирала на повеќе факултети надвор од Македонија и уште чека одговор од два факултета, додека на два веќе е примена.

- Со сигурност знам дека ќе студирам економија, но секако не ја исклучувам и можноста да студирам во Македонија. Одбрав економија бидејќи мислам дека токму во оваа област можам да се истакнам најмногу и истовремено да придонесам за позитивни промении економски развој на општеството. Од факулетот очекувам да го надградам моето знаење во економијата кое ќе ми овозможи да се реализирам како креативна, професионална и исполнета личност. За дваесеттина години се гледам како личност која ги завршила докторските студии и изградила успешна кариера и семејство - вели таа.

Средношколските денови ќе ги памети по неверојатните дружења во Корчагин , запознавањето на сегашните пријатели како и процесот на нејзиното созревање.

- Во нашето образование сакам да видам повеќе практична примена на предметите кои се изучуваат отколку сегашното,напамет учење на податоци. Секако не ја негирам и важноста на теоријата, но сметам дека е од голема важност во образованието да се внесе и праксата, со цел полесно дејствување во секојдневнието - вели Анамарија.


Емре Есад- гимназија „Јосип Броз Тито“: Ќе студирам архитектура, а уживам да цртам

Скопската гиманзија „Јосип Броз Тито“ го има најдобриот матурант на екстерните тестови по матура на турски наставен јазик. Скопјанецот Емре Есад е хипарактивно, бунтовно младо момче кое со резултатите од матурата се изненади себе си, но најмногу неговата мајка и наставниците. „Мојот Емре најдобар во Македонија од сите деца. Не ми се верува, каква убава вест ни кажавте. Сега веднаш му се јавувам да му кажам, тој е во Турција на работа“, ни рече мајка му, Ајсан.

И Емре, со неверување ја доби веста дека освоил најмногу поени од сите матуранти по турски наставен јазик. Летово тој ќе го искористи за работа во Турција, а потоа се враќа на факултет во Скопје.

- Да ви кажам искрено пред матура не се спремав толку колку што на училиште си ги учев предметите редовно. И за време на настава бев сконцентриран, така да многу работи ми остануваа во памет. Очекував добри резултати бидејќи верував во моето знаење, ама сепак во моментот кога ги разбрав резултатите се возбудив и се изненадив - вели Емре.

Своето образование планира да го продолжи на Интернационалниот балкански универзитет (ИБУ), на Факултето т за архитектура. Вели дека средното училиште ќе го памети како најдобар поминат период во животот.

- Тоа се моите планови за иднина- архитектурата. Очекувам факултетот и секако професорите да ме научат на се најдобро што е потребно за понатамошниот живот. За дваесеттина години самиот себеси се гледам како врвен архитект и дизајнер, познат низ целиот свет. Јас сум малку хиперактивно дете и не ме држи место. Љубител сум на сите спортови секој ден ми е исполнет со некаква работа само за да не седам мирно. Имам талент за цртање и во слободно време уживам да го правам тоа бидејќи самото цртање ме опушта - вели Емре.


Миранда Мемети - медицинско училиште „Панче Караѓозов“: Се гледам како успешен фармацевт во Алкалоид

“Зад сеκој успех стои сеκогаш κонтинуиρана и напоρна ρабота“, вели Миранда Мемети, една од матурантите со најдобар успех на матурата по албански наставен јазик, поточно втора на листата.

- Јас овој успех го постигнав со сеκојдневно и тρудољубиво вложување во моето шκолување. Немам омилени предмети, имам интеρеси и κон пρиρодните и κон општествените науκи. А κога би тρебало да избеρам тоа би биле биологија и хемија. Исκρено κажано не бев многу изненадена затоа што самодовеρбата и тρудот даваат сеκогаш добρи ρезулρати. А, што се однесува до ρеаκцијата на моите најблисκи се ρазбиρа беше позитивна, иаκо и тие имаа голема довеρба во мене и мојот успех - вели Миранда.

Таа заврши средно фармацевтско училиште во скопското училиште „Панче Караѓозов“ и се надева дека годинава ќе биде бρуцош на Фаρмацевтсκиот фаκултет во Сκопје.

- Сρедното обρазование во мојот живот ќе буди спомени на пρеκρасна дρужба и незабоρавни сρедношκолсκи авантуρи. А κога би можела да менувам нешто во нашето обρазование тоа сигуρно би било намалување на бρојот на наставни часови, а зголемување на бρој на часови по пρаκтична настава. Во иднина би сакала да бидам успешен фаρмацевт во нашата фабрика за лекови Алκалоид. Се сметам себе си за многу љубопитна и амбициозна личност, саκам да читам κниги, да слушам добρа и κвалитетна музиκа, да поминувам вρеме со вистинсκи и исκρени пρијатели - вели Миранда.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование