X
 20.01.2015 Образование

Штрајк на СОНК: Просветните работници ќе доаѓаат на работа, но нема да предаваат?



Второто полугодие во училиштата низ Македонија започнува со најавениот штрајк на СОНК (Синдикатот за образование, наука и култура). Според најавите од синдикатот, наставниците и професорите би требало да дојдат на работа, но немале да предаваат. Синдикатот за образование наука и култура дд МОН упати барање за зголемување на платите и укинување на казните од екстерното тестирање.

Просветарите кои денес нема да стапат во генерален штрајк, ќе бидат исклучени од СОНК, категоричен е претседателот на синдикатот, Јаким Неделков. Убеден е дека најголемиот дел од членството ќе ја испочитува одлуката на советот, но вели притисоците се големи и можни се одредени повлекувања.

„Не е исклучено да има и одреден, според мене, мал број којшто нема да ја испочитува одлуката на советот, а тоа ќе значи дека на тие автоматски им престанува членството во СОНК. Ние нив нема да ги сметаме за наши членови, ќе се оградиме од нив и ќе кажеме дека сите оние кои штрајкуваат се членови на СОНК, а сите оние кои не штрајкуваат веќе не се наши членови. Така што одговорноста ќе си биде на директорите, како ќе си ја организираат наставата, како ќе организираат згрижување на децата, како ќе функционираат културните установи, апсолутно тоа е нивна одговорност“, изјави Јаким Неделков за Телма, претседател на СОНК.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование