X
 05.03.2015 Живот

Прогноза за времето денес и какво време не' очекува викендот што следи

Mакедонија во четврток ќе биде под влијание на циклонска активност која што ќе услови врнежи од дожд и засилен ветер. Во попладневните и во вечерните часови поинтензивни врнежи од дожд ќе има во северозападните, западните и југозападните предели каде што се очекуваат да наврнат и до 35 литри дожд на метар квадратен.

На планините со врнежи од снег. Ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури од 1 до 7 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 3 односно до 11 степени

Во Скопје во четврток ќе биде облачно со врнежи од дожд и ветеровито. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура од 5 степени, а максималната дневна до 8 степени

Врнежите од дожд ќе продолжат и во петок но со многу послаб интензитет и ветровито. Врнежи од снег се очекуваат на местата над 800 метри надморска висина а во текот на ноќта тие ќе се спуштат. Минималните температури од -1 до 6 степени а максималните од 1 до 10 степени.

Во сабота во Македонија ќе биде претежно облачно со услови за слаби врнежи од дожд и снег и ветровито. Врнежите од снег ќе се спуштат и во пониските предели, со исклучок на југоисточниот дел од Македонија. Минималните температури ќе се движат од -3 до 4 степени, а максималните од 0 до 8 степени.

Во недела ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и ветровито. Утринските температури од -3 до 4 степени, а дневните од 1 до 9 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот