X
 02.03.2016 Живот

Времето денес и какво време не` очекува до крајот на неделата?



Во Македонија во среда ќе биде претежно сончево со локална облачност и посвежо со благ пад на утринските и дневните температури, поради северното воздушно струење. Во утринските часови услови за слаби врнежи од дожд се очекува во Охридско-Преспанскиот и во Дебарскиот регион, каде во текот на денот ќе има и зголемена облачност. Ќе дува доумерен слаб северозападен и североисточен ветер. Утринските температури од 0 до 7 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 8 односно до 18 степени.

Во Скопје во среда ќе биде претежно сончево со локална облачност и посвежо. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 5 степени, а максималната дневна до 14 степени.

Во Македонија во четврток претпладне ќе биде умерено облачно, попладне и навечер нестабилно со пообилни врнежи од дожд, локално и до 20 литри. Максималните температури од 9 до 18 степени. Во петок умерено облачно со услови за слаби локални врнежи од дожд, дневните температури од 7 до 15 степени. Во сабота по свежото утро во текот на денот умерено облачно со сончеви периоди и температури до 10 односно до 18 степени. Идентични временски услови и во недела но малку повисоки температури. Утринските од 0 до 7, а дневните од 12 до 21 степен. Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот