X
 17.03.2015 Култура

Брендон Старк нема да се појави во 5-та сезона на "Game of thrones"

Продуцентот на серијата „Game of thrones“ Дејвид Бениоф, изјави дека Брендон Старк, односно Исак Хемпштед Врајт нема да се појави во 5-та сезона на серијата.

 

1


Сепак, Бениоф наведува дека Брен е намерно изоставен, за во шестата сезона да се врати во стилот на Скај Вокер во филмот „Return of the Jedi“, способен целосно да ја контролира моќта.

„Брендон ќе добие тренинг од три-оката чавка и Децата од шумата меѓутоа нема да се прикажува на екраните оваа година. Ова е слично како кога Лук во шестиот дел од франшизата се појави како истрениран Џедај, без прикажување на целиот тренинг“, вели Бениоф.

Како што објаснува Бениоф, продукцијата сака да го задржи хронолошкото прикажување на ликовите од книгата.

„Факт е дека иако правиме промени во серијата во однос на кигата и потребно е неопходно прилагодување, сепак се обидуваме приказните да бидат исти како во книгата, и сакаме да бидат хронолошки паралелни. Во четвртата сезона ја допревме приказната на Брен од последната книга на Џорџ Мартин „Танц со змејовите“, па ако го прикажеме во 5-та сезона, би бил хронолошки пред останатите ликови од серијата“, вели продуцентот.

Фокусот во 5-та сезона ќе биде на новите ликови, како што се Принцот од Дрон Доран Марел и високиот свештеник, Високиот врабец.

Единствениот ризик од изоставувањето на ликовите од сезоните е тоа што глумците се ослободени од договорот и можат да преземат други улоги, што би го спречило враќањето во серијалот.

Бениоф се надева дека Врајт кој го глуми Брендон ќе се врати во серијата.

„Се надевам ека ќе се врати, освен ако не одлучи да се запише на факултет, како Џек Глисон, кој го напушти актерството кога заврши со улогата на Џофри Баратеон“, вели Бениоф.

Премиерата на 5-та сезона на „Game of thrones“ е закажана за 12 април.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура