X
 23.03.2015 Образование

Студентскиот пленум и Црвениот крст на град Скопје во хумана акција


Студентите честопати се похумани од сите останати општествени групи. Докажете го тоа денес на Филозофскиот/Филолошкиот факултет.

Студентскиот пленум во соработка со Црвениот крст организираат хуманитарна акција за дарување крв. Акцијата ќе започне во 9 часот изутрината. Имате време до 15 часот да дојдете и да донирате крв на Филозофскиот/Филолошкиот факултет при УКИМ во Скопје. Акцијата ќе се одвива во амфитеатар 2.

Не ви е потребно ништо за да донирате крв. Не сте донирале порано? Не е битно. Не сте студент на Филозофски или Филолошки факултет? Па, што? 

Дојдете и донирајте.

Настанот на „Фејсбук“.


Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование