X
 25.03.2015 Образование

Кои услови треба да ги исполнувате за да добиете ваучер за таблет?

Собранието вчера по скратена постапка со 63 гласа ЗА го услвои Законот за издавање на вредносни ваучери за таблет компјутери со тастатура за студентите. 




Вредноста на ваучерот е 8 илјади денари а со него ќе може да се стекнат сите студенти кои за прв пат запишале трета и четврта година на студии на некој од државните или на приватните универзитети и чии приходи во семејството не го надминуваат износот од 32.741,00 денари,студентите што живеат со еден родител или без родители и студентите кои се евидентирани како лица со посебни потреби.

КОИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ГИ ДОСТАВИТЕ ЗА ДА ДОБИЕТЕ ВАУЧЕР ЗА ТАБЛЕТ?

За спроведување на овој закон се потребни 1,5 милиони евра, пари кои ќе бидат обезбедени од буџетот на Министерството за информатичко општество.

Право на вредносен бон – ваучер ќе имаат редовните студенти државјани на Република Македонија запишани за прв пат во трета и четврта година на прв циклус на студии во учебната 2014/2015 година на високо образовните установи во Република Македонија и студентите кои се евидентирани како лица со посебни потреби запишани во било која година на студии во учебната 2014/2015 година на високо образовни установи во Република Македонија.

Со вредносен бон-ваучер, се стекнуваат студентите од семејства во кои вкупните месечни приходи не го надминуваат износот од 32.741 денари бруто приход.

Редовниот студент својот статус дека е од семејство во кое вкупните месечни приходи не го надминуваат износот од 32.741 денари бруто приход го докажува со уверение издадено од Управата за јавни приходи за остварени приходи по разни основи за 2014 година (приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и други наградни игри, приходи од самостојна дејност, остварена плата на вработени членови на семејството или редовниот студент), за двајцата родители или старатели на студентот поединечно и за самиот студент.

Уверението се доставува до студентската служба на матичниот факултет. Студентот кој живее со еден родител или без родители истото го докажува со фотокопија од акт за престанок на бракот или извод од матична книга на умрените, а студентите кои засновале брак и оформиле семејство истото го докажуваат со фотокопија од извод од матичната книга на венчани.

Вредносните бонови-ваучери се издаваат во номинална вредност од 8.000 денари. Вредносните бонови-ваучери се со еднократна употреба и се употребуваат како учество за купување на таблет компјутер со надворешна тастатура.

Вредносните бонови-ваучери можат да се искористат за купување на таблет компјутер со надворешна тастатура најдоцна до 25 јуни 2015 година.

Студентот при подигање на вредносниот бон-ваучерот во високо образовната установа, должен е да пополни формулар со изјава за прием на вредносниот бон-ваучер за купување на таблет компјутер со надворешна тастатура во кој го наведува своето име и презиме, бројот на личната карта или патната исправа, бројот на индексот и серискиот број на вредносниот бон-ваучерот кој го добил. Одговорното лице за дистрибуција на вредносните бонови-ваучери во високо образовната установа, е должно бројот на личната карта односно патната исправа на студентот да го впише на вредносниот бон-ваучерот на место определено за тоа, пред да го предаде истиот на студентот.

КОИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ГИ ДОСТАВИТЕ ЗА ДА ДОБИЕТЕ ВАУЧЕР ЗА ТАБЛЕТ?
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование