X
 06.07.2015 Живот

Неделна временска прогноза... Внимавајте, вредноста на УВ индексот се зголемува



Првиот ден од новата работа седмица нема многу да се разликува од вчерашниот. Сончево и многу топло со пораст на температурите. Ќе дува доумерен слаб северен и северозападен ветер, а во западните и крајните источни предели ќе дува доумерен слаб североисточен ветер.

Утринските температури од 11 до 21 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 26 односно до 37 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје во понеделник ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од 17 степени, а максималната дневна ќе достигне до 34 степен. УВ индекс 8.

Продолжува трендот на пораст на температурите во наредните денови. Во вторник и среда сончево и многу топло. Минималните температури од 12 до 23 степени, а максималните ќе достигнат до 28 односно до 40 степени. Во четврток и петок ќе биде претежно сончево и топло. Во попладневните часови зголемување на облачноста и услови за локални врнежи од дожд. Максималните дневни температури ќе се движат од 26 до 39 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот