X
 07.09.2017 Живот

Празнична временска прогноза. Какво време да очекуваме во наредните денови?

Денеска е четврток, 7 септември 2017 година, 250-тиот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:59, а ќе зајде во 19:01 часот. Денот ќе трае 13 часа и 02 минути.

Oва утро во Македонија преовладува претежно ведро и свежо време, иако денешните температури во раните утрински часови се за неколку степени повисоки во споредба со вчерашното утро.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денеска, по свежото утро, ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и потопло време. Ќе дува умерен југозападен и југоисточен ветер, па поради јужното воздушно струење, очекуваме и повисоки температури. Денес минималните ќе се движат од 4 до 13 степени, додека максималните дневни температури се очекува да достигнат до 22, односно 33 степени. УВ-индексот ќе има вредност 5.

СКОПЈЕ - Во Скопје, по свежото утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и топло. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе биде околу 11. степен, додека пак максималната дневна ќе достигне до 30 степени. УВ-индексот ќе биде 5.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - В петок, по свежото утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и топло време. Утринските температури ќе се движат од 5 до 14 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 23, односно 34 степени. В сабота умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд и посвежо време. Поинтензивни врнежи се очекуваат во западните и во северозападните предели. Минималните ќе бидат од 9 до 18, додека пак максималните од 21 до 32 степени. В недела ќе има преодна стабилизација на времето, ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и топло време со дневни температури што ќе се движат од 23 до 34 степени. Нов бран на врнежи се очекува в понеделник, кога ќе бидат и поинтензивни, а локално се очекува да наврнат од 20 до 30 литри. Утринските температури ќе бидат од 9 до 18 степени, додека дневните од 20 до 30 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот