X
 14.06.2016 Живот

Од утре стабилизација на времето, во наредните денови темеператури над 40 степени



Денес е вторник, 14 јуни 2016 година, 166-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 04:53, а ќе зајде во 20:13 часот. Денот ќе трае 15 часа и 20 минути.

Во Македонија ова утро имаме умерено облачно време, а само во источните и југоисточните предели има сончеви периоди, но во наредните часови и таму се очекува да се зголеми облачноста.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија и денес не очекува нестабилно и посвежо време. Ќе биде умерено облачно со врнежи од дожд и ретка појава на грмотевици. Најмалку услови за дожд ќе има во југоисточните предели.Во доцните попладневни часови врнежите ќе престануваат и намалување на облачноста. Ќе дува доумерен западен и северозападен ветер. Утринските температури од 9 до 15 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 16 односно до 28 степени. УВ индексот ќе има вредност 3.

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска ќе биде умерено облачно и нестабилно со услови за локални врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од 13 степени, додека пак максималната дневна до 24 степени.

MAКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во наредните денови стабилизација на времето. Македонија ќе биде под влијание на поле на висок воздушен притисок и јужно воздушно струење кое ќе услови сончеви и многу топло време со пораст на температурите кои ќе бидат и за 10 степени повисоки од просечните за овој период од годината.

Во среда максимални температури од 24 до 34 степени, а во четврток од 29 до 39 степени. Во петок и сабота тропски денови со температури кои секаде ќе надминат 30-тиот степен, во петок од 30 до 40 степени, а во сабота од 31 до 41 степен. Ув индексот ќе има вредност 10.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот