X
 01.10.2015 Образование

Економскиот факултет на УКИМ запишал најмногу магистранти во 2013/14 година

Економскиот факултет од Скопје е лидер во однос на бројот на запишани магистранти во студиската 2013/14 година. Од вкупно 1.089 запишани студенти во втор циклус на студии на УКИМ, 296 се од Економскиот факултет. Филозофскиот факултет запишал 142 магистранти, ФЕИТ 141, а Градежниот факултет 121. За разлика од 2012/13 година, пак има драстично намалување на бројот на запишани магистранти.




Тогаш се запишале 3.212, од кои 1.610 го избрале УКИМ. Економскиот факултет, оваа година имал 369, но лидер е Правниот факултет со 463. Во 2013/14 година пак, бројот на запишани студенти на магистерски се 2.315 од кои 1.743 избрале да студираат на државните факултети. Најголемиот дел (1.360) се одлучиле за општествени науки, а 578 за техничко- технолошки. На приватните универзитети се запишале 572. Според последната објавена публикација на Државниот завод за статистика, Универзитетот „Климент Охридски“ од Битола запишал 151 магистрант, а штипскиот унивезритет Гоце делчев, 207. На Државниот универзитет во Тетово пак, се запишале 156 магистранти. 

Во истата студиска година на трет циклус се запишале 131 докторанди, од кои најмногу се одлучиле за студии од општествени науки (37). УКИМ запишал 93 докторанди од кои најмногу студираат на Природно математичкиот факултет (21), а по 11 имаат Медицинскиот и Филозофскиот факултет.

Најголем дел од магистрантите и докторандите средствата за студирање ги плаќаат сами, но има и такви кои студираат со стипеднии, а и со помош од работодавците. Цените за втор циклус на студии најчесто се од 1.500 до 3.000 евра, а за докторски се движат од 3.000 до 5.000 евра.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование