X
 15.10.2015 Образование

Во кои земји учениците покажуваат најнапредни вештини за пребарување на интернет?

Читањето денес не подразбира само држење корици, ами и фокусирање на таблетот или преносниот компјутер, па и телефонот. Дигиталното читање е нешто во што се добри Сингапурците, Корејците, Кинезите, Јапонците и Канаѓаните. Тоа го покажува анализата на ПИСА за дигитално читање помеѓу учениците низ светот.


Во истото истражување биле анализирани и вештините за пребарување на интернет. Откриено е дека учениците во Австралија, Канада, Ирска, Кореја, Сингапур и САД покажуваат најнапредни вештини за пребарување на интернет. За разлика од останатите ученици низ светот, овие ученици дале подобри резултати во поглед на внимателноста при одбирањето линкови за следење.

Истражувањето покажало и силна врска меѓу дигиталното читање и навигацијата на студентите низ дигиталните текстови. Истражувачите извлекле една главна порака од целата анализа: За да се биде добар во читањето на интернет, ученикот мора да биде способен за планирање и спроведување на едно пребарување, да ја оцени значајноста на информацијата и да го оцени изворот.

Повеќето ученици ги развиле овие вештини преку пракса и потребно им е водење од наставниците и други извори за да станат експерти во овие значајни вештини.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование