X
 23.10.2015 Живот

Викенд временска прогноза... Какво време да очекуваме на почетокот од наредната недела?

Во Македонија во утринските и претпладневните часови облачно со повремени слаби врнежи од дожд, ветровито и студено. Попладне врнежите ќе престанат и намалување на облачноста. Ќе дува доумерен засилен северозападен и североисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 35 км/ч. Минималните температури од 2 до 11 степени, а максималните дневни температури до 6 односно до 15 степени.

Во Скопје во петок во утринските часови со услови за слаб дожд, во текот на денот ќе биде претежно облачно и ветровито. Ќе дува доумерен засилен северозападен ветер. Утринската температура од 8 степени, а максималната дневна до 12 степени.

Од сабота се очекува стабилизација на времето, но во текот на ноќта и во утринските часови не очекуваат пониски температури.

Во сабота умерено облачно со сончеви периоди, ветровито и малку потопло. Ќе дува засилен северозападен и североисточен ветер. Утринските температури од 1 до 10 степени, а максималните дневни од 8 до 17 степени.

Во недела студено утро со утрински температури од -2 до 7 степени. Во текот на денот претежно сончево со локална облачност и потопло. Слаб ветер. Максималните дневни температури ќе достигнат до 12 односно до 21 степен.

Во понеделник ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Утринските температури во пораст и ќе се движат од 1 до 10 степени, а максималните дневни во интервал од 13 до 22 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот