X
 19.11.2016 Живот

Времето во Македонија во наредните 5 дена

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во сабота по студеното и понекаде магловито утро во текот на денот претежно сончево со појава на локална облачност и топло време. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од -3 до 3 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 10 односно до 17 степени и воедно ќе бидат за 2-4 степени над просекот за овој период од годината.

СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските часови појава на магла. Во текот на денот сончево и топло време. Слаб јужен ветер. Утринската температура од 0 степени, а максималната дневна до 14 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – И во наредните денови нашата држава ќе биде под антициклонско влијание кое што ќе ни условува сончевото и надпросечно топло време за овој период од годината. Во недела и понеделник сончево и топло со максимални температури кои ќе се движат во интервал од 11 до 17 степени. Сончево и топло ќе биде и во вторник со дневни температури кои ќе достигнат до 10 односно до 16 степени, а во среда се очекува појава на локална облачност која што нема да влијае на максималните температури кои ќе останат непроменети во однос на претходниот ден и ќе се движат од 10 до 16 степени.

СКОПЈЕ 5 ДЕНА – Во Скопје во вториот ден од викендот но и првиот работен од следната седмица ќе биде сончев и топол, утринската температура од 1 степен, а максималната до 14 степени. Во вторник сончево и топло со температура до 13 степени. 13 степени се очекуиваат и во среда кога ќе преовладува претежно сончево време со локална облачност и топло.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот