X
 03.12.2015 Живот

Временска прогноза за денес и какво време не` очекува за време на викендот?



Во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло, а локална облачност се очекува во северните предели. Слаб ветер од променлив правец, а во југоисточните предели ќе дува засилен северозападен ветер. Утринските температури од -3 до 6 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 8 односно до 17 степени.

Во утринските часови ќе има појава на магла, во текот на денот ќе биде петежно сончево со локална облачност. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 2 степени, а максималната дневна до 13 степени.

Во Македонија во петок ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Во вечерните часови ќе има појава на мага. Во сабота, недела и понеделник ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност. Во овие денови во утринските и вечерните часови ќе има појава на магла, а понекаде видливоста ќе биде помала и од 50 метри. Максималните дневни температури ќе бидат натпросечни и ќе се движат од 6 до 15 степени во сабота и недела, односно од 7 до 16 во недела.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот