X
 25.01.2016 Образование

Младинските размени моќни промотери на фундаменталните права за слободата на изразувањето

Младинските размени секогаш претставуваат моќни промотери на фундаменталните права за слободата на изразувањето, а со своите активности помагале и помагаат во зголемувањето на циркулацијата на идеи и луѓе, создавање на помирен соживот и промоција на активно европско граѓанство. Околу 20 млади луѓе од Европа земаа учество на младиснката размена која што се случи во Коџаели, Турција се со цел ослободување на диверзитетот и спојување со различните култури од Турција, Романија, Македонија, Франција и Чешка. За време на младинската размена младите покрај забавата се запознаа со особеностите на дел од историските моменти кои се белег на градот Кочаели – град кој го носи називот на град на толеранцијата.




„ Младинските размени иницираат витален процес на мобилизација на млади ширум Европа, а воедно им даваат можност на младите да се запознаат со  различните културни текови на европската уметност и култура, што претставува значаен чекор кон развојот на интеркултурна активност. Со почитувњето и промовирањето на регионалните и националните вредности на локалните општества, клтурните и традиционалните вредности го истакнуваат европското наследство, преку промоција на култура со заедничка размена и преку почит за културните разлики. Ја имав таа чест, како младински координатор, да бидам дел од една извонредна размена каде младите се обединуваме со еднинствена цел за подобро утре. Полна со емоции и импресии кои остануваат во нашето сеќавање, една недела но како една декада веќе изградивме. Прекрасно искуство за кое би можело и книга да се напише. “ – вели Урмета Арифовска, младински координат во здружението на граѓани РРОМА, Кратово.

За Франсоа Гајот, кој работи како европски проектен координатор, младинските размени се добро место каде може од многу да се научи за другите преку неформалната едукација. Смета дека на ваков начин младите ширум Европа имаат можност да се сретнат со диверзитетот кој не опкружува.

„ Преку вакви и слични проекти ние се обидуваме да ги искористиме сите можни алатки преку кои ќе можеме да научиме од многу за другите наспроти нас како и за самите себе си. А секако тоа гледаме да го спроведуваме преку неформално учење – различно од она што с еобидуваат нашите професори да не научат. Нашата главна идеја преку овој проект е да експериментираме со културолошкиот диверзитет на сите пет држави, Франција, Македонија, Турција, Чешка и Романија, овој диверзитет за нас не претставува проблем – напротив истиот е богатство. Европа го има свежиот воздух потребен за младите – за таа цел се обидуваме што е можно повеќе млади да обединиме се со цел прекршување на предрасудите за другите наспроти нас. “ – вели франсоа Гајот од Франција.

Додека Реџеп Акај, од форумот на млади при универзитетот Коџаели, Турција, смета дека иднината е во младите – и дека тие можат од многу д апридонесат за подобра иднина. За тоа да може да функционира, и за да може интеркултурната комуникација биде функционална смета дека тоа може да се постигне преку ваквиот начин на спознавање на другите диверзитети.

„ Идејата за учество и организирање на вакви проекти е целосно врз основа на членовите на нашиот форум. Ние секогаш имаме огромна доверба и верба во себе дека кога нешто сакаме, без  разлика што и да е а се работи за млади, тоа е можно да го постигнеме. Ние младите сме голема популација – а со самото тоа и едно големо општество со сите свои потреби, а тоа општество не треба да се потценува заради своите барања. Во нас е иднината, ние сме авангардата, лидерите кои што градат нови патишта и успеси за секое едно демократско општество. Овој проект е еден од ретките преку кои ние младите с еобединуваме користејќи ги алатките на неформалната едукација да се обединиме и запознаеме себе си така што заеднички ќе делуваме за подобра иднина. Овој пат одлучивме преку забава, самореализација  и едукација да изградиме цврст мост потребен за рушење на сите стереотипи и предрасуди кои ни создаваат погрешна слика за другиот наспроти нас. Театарот е голема сцена – овој пат ние успеавме да реализираме прекрасна претстава за која ќе се зборува во иднина. “ – вели Реџеп Акај од форумот на млади при Универзитетот Коџаели, Турција.

За време на размената, преку користење на едно од најстарите уметнички изразувања, за која Чарли Чашлин се смета за основоположник, младите се запознаа со пантомимата. Преку маскирање и користење на разни техники за изработка на сопствена маска а потоа и пренесување на внатрешната порака пред публиката младите научија дека постои можност без посредство на вокална експресија да го пренесат она што сакаат а притоа да биде забавно за целата група која беше дел од младинската размена.

Потоа изработуваа сопствени реклами со помош на еден од  најпознатите турски актери Онурџан Киршан, а потоа беа пренесени на театарската сцена.

Се здобијаа со можност да ги научат едни од најубавите танци и тоа Бачата и Салса, а часовите по танц беа овозможени од страна на еден од најдобрите танчери во Турција кој го има добиено и првото место за време на танцовите натпревари во Латино- американски танци во Турција.
Целта на ваквите активности беше да се изгради еден заеднички културолошки идентитет кои има за цел да се продолжи да се негува и понатаму.

Автор: Сунаи Сабриоски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование