X
 24.02.2016 Живот

Какво време не` очекува до крајот на неделата?

Во Македонија во среда ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд. Попладне врнежите ќе престануваат и услови за појава на сончеви периоди. Ќе дува слаб југозападен и западен ветер, кој попладне ќе премине во засилен западен и северозападен ветер кој во вечерните часови ќе достигнува брзина и до 40 км/ч. Минималните температури од 4 до 10 степени, додека пак максималните температури ќе се движат од 10 до 18 степени.

Во Скопје во среда претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, попладне врнежите ќе престанат и постепено разведрување. Слаб југоисточен ветер, а попладне ќе дува засилен северозападен ветер. Утринската температура од 10 степени, а максималната дневна до 16 степени

Во Македонија во четврток преодна стабилизација на времето и постудено утро со утрински температури од -2 до 6 степени, додека пак максималните дневни температури ќе се движат од 10 до 18 степени. Во петок умерено облачно и нестабилно со слаби врнежи од дожд и температури од 10 до 17 степени.

Во деновите од викендот ќе биде претежно сончево со локална облачност и релативно топло со дневни температури од 12 до 19 во сабота, односно од 13 до 20 степени во недела. Со напомена дека во недела ќе дува засилен југозападен и југоисточен ветер.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот