X
 18.03.2016 Образование

Заврши првиот конкурс за стипендирање на студенти - УГД најавува нови стипендии

Постапката за избор на студенти кои ќе бидат стипендирани од страна на УГД е завршена и веќе се избрани студентите кои ќе ги добијат првите стипендии. Интерес пројавиле околу 400 студенти, а ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев најави дека се планираат нови конкурси и нови стипендирања на студентите од страна на УГД, но во поразличен формат од овие.



- Завршена е постапката во поглед на доделување на стипендии за најдобрите студенти на УГД и нивните имиња ќе ги објавиме на прославата на Универзитетот на 25 март. Конкурираа некаде околу 400 студенти, ранг-листите се некаде на околу 200 студенти. Понатаму ќе објавиме нови конкурси кои ќе бидат во друга насока и средствата ќе бидат искористени во малку поразлична насока - истакна ректорот на УГД.



Универзитетот „Гоце Делчев“ неодамна објави Конкурс за доделување на целосни стипендии за 500 најдобри студенти, а според најавите на раководството на Универзитетот, оваа пракса ќе продолжи во иднина и тој фонд за стипендирање ќе се зголемува.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование