X
 07.04.2016 Живот

Од утре дестабилизација на времето



Во Македонија во четврток претежно сончево со локална облачност, топло и ветровито. Попладне од југозапад и запад зголемување на облачноста која ќе услови умерено облачно време. Ќе дува доумерен засилен јужен и југоисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури од 5 до 13 степени, додека пак максималните ќе достигнат до 19 односно до 28 степени. Ув индексот ќе има вредност 5.

Во Скопје во четврток претежно сончево со локална облачност и ветровито. Попладне зголемување на облачноста. Ќе дува доумерен југоисточен ветер. Утринската температура од 10 степени, а максималната дневна до 26 степени.

Македонија во петок како и во деновите од викендот ќе биде под влијание на циклонска циркулација која ќе донесе врнежи од дожд но и продор на посвежа воздушна маса која ќе услови пад на високите априлски температури. Во петок максималните температури ќе се движат во интервал од 14 до 23 степени а во сабота од 12 до 21 степен. Дополнителен пад на температурите не очекува во недела и ќе достигнат до 10 односно до 19 степени. Од понеделник повторно се враќаат сончевите денови и повисоките дневни температури кои ќе се движат од 13 до 22 степени.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот