X
 12.08.2016 Живот

Викенд временска прогноза

Денес е петок, 12 август 2016 година, 225-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:34, а ќе зајде во 19:40 часот. Денот ќе трае 14 часа и 06 минути.

Ова утро во Македонија е претежно облачно, посвежо и ветровито време бидејќи дува засилен северозападен и североисточен ветер. Насекаде е претежно облачно, само во југоисточните предели како и во Гевгелиско-Валандовскиот регион има појава на сончеви периоди.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија денес во утринските и претпладневните часови ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди. Повеќе сончеви период ќе имаме во попладневните часови, додека пак во Дебарскиот и Охридско-Преспанскиот постојат услови за сосема слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен засилен северозападен и североисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури од 11 до 19 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 18 односно до 28 степени. УВ индекс 5.

СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските и претпладневните часови умерено облачно со сончеви периоди, попладне намалување на облачноста. Ќе дува доумерен засилен северозападен ветер со брзина до 25 км/ч. Утринската температура од 16 степени, а максималната дневна до 25. УВ индекс 5.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во наредните денови не очекуваат есенски температури, особено во текот на ноќта и утринските часови поради присуството на ладна воздушна маса над Македонија. Во сабота и недела по невообичаено ладните утра со температури од 6 до 15 степени во текот на денот ќе биде сончево и потопло со температури кои ќе се движат во интервал од 20 до 30 степени во сабота, односно од 23 до 32 степени во недела. Потопло време со дополнителен пораст на температурите ќе имаме во понеделник и вторник. Максималните температури во понеделник ќе се движат од 25 до 34 степени, додека пак во вторник тие ќе достигнат до 27 односно до 36 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот