X
 03.10.2016 Образование

Филозофскиот факултет од Скопје и Министерството за труд и социјална политика ќе соработуваат


 
Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски и деканот на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методи“-Скопје, Горан Ајдински денеска потпишаа Меморандум за соработка. Прецизирани се повеќе области на соработка и заемна помош: практичната работа на студентите од студиските програми на институтите за социјална работа и социјална политика, социологија, психологија, педагогија, дефектологија и семејни студии на првиот и вториот циклус студии, остварување на општествено корисна работа, научно-истражувачката и апликативната дејност, заемна соработка и помош во организирање и спроведување на обуки, тркалезни маси, дебати, конференции ...

На средбата, како што соопшти МТСП, било разговарано за досегашната и идната соработка помеѓу факултетот и институтите во негов состав и Министерството за труд и социјална политика. Филозофскиот факултет ќе обезбеди две школарини за запишани студенти на прв циклус студии за деца од социјално загрозени семејства (корисници на права од социјална и детска заштита) и две школарини за втор циклус студии на Филозофски факултет - Скопје за вработени во Министерството за труд и социјална политика и јавните установи под негова надлежност.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование