X
 09.11.2016 Образование

Солиден есеј железни врати отвора: Овој средношколец треба да избере меѓу Харвард, Јеил, МИТ и други врвни универзитети


Средношколец со врвно оценет есеј е добродојден на Харвард, Јеил, МИТ и други врвни универзитети

Пред да го примат на престижното училиште Ivy League, средношколецот Бренден Родригез прво мораше да ги пробие деликатните аспекти на пишувањето извонреден приемен есеј.

Неговиот труд, сепак се исплатеше. Покрај Харвард, на Родригез му се отворија вратите на Јеил, МИТ, Колумбија и Универзитетот во Вирџинија. 

Момчето успеа на брилијантен начин да ги спои неговите најголеми страсти, музиката и математиката, и да објасни како секоја од нив му го обликувала животот и учествувала во создавањето на неговата среќа.
Другите постигнувања на Родригез се достапни на неговиот Admitsee профил. Admitsee е образовен стартап на кој се прикачени 60.000 студенти кои се прифатени на колеџите низ Америка. Покрај приемните есеи и резултатите од тестовите, листите на студентите содржат и други податоци што можат да им бидат од корист на потенцијалните студенти.  

Ви пренесуваме дел од содржината на успешниот есеј на Бренден, кој интегрално можете да го прочитате на следниов линк:

На ум ми се конвергентните бранови на нотите што ги свирам, стојните бранови што се создаваат при повлекување на струните и целата физика зад воздушните џебови што се создадени за некое љубопитно начулено уво, секогаш кога ќе седнам да свирам на мојата бас гитара. Па така, помеѓу моите најголеми страсти, математиката и музиката, постои силна поврзувачка синергија, така што ништо не може да ги раздвои. Почнав да размислувам на оваа тема кога еден мој поранешен професор по математика ми пријде во една прилика и ме повика, ако сум заинтересиран, да се вклучам со воведна реч на церемонијата организирана од друштвото на математичари, Mu Alpha Theta. Како член на почесното друштво, сеќавајќи се на впечатливиот воведен говор даден минатата година на мојот прием, сесрдно  прифатив. Се одлучив темата да ја посветам на музиката и математиката, бидејќи свирам контрабас во оркестар и електрична бас гитара во џез ансамбл, а како вљубеник во математиката, речиси невозможно е да го превидам присуството на математиката и на физиката во музиката.

Во срцевината на музиката, математиката е присутна во темпото и ритамот на музичкото дело, на тој начин што тактот е претставен како дропка, а темпото како нумеричка вредност на ударите во минута. Врската меѓу двете станува поинтригантна кога ќе почнат да се свират нотите. Најдобро звучи музиката што користи беспрекорна математика. Од општа култура знаеме дека секоја нота е означена со буква, но и со нумеричка вредност што се мери во херци. На пример, нотата А4 има 440 херци. Во „Месечевата соната“ на Бетовен има трозвуци во форма на триплет. Овие трозвуци се сочинети од нотите D, F# и А. Бидејќи звукот е вибрациона енергија, нотите можат да бидат графички прикажани со тригонометриската функција синус. На графичкиот приказ на трозвукот, трите ноти се сечат во почетната точка и во точката 0,042. Во оваа точка, нотата D направи два цели кругови, F#  два и пол, а А три. Ваквиот след предизвикува созвучје, нешто многу пријатно за слушање. Размислувајќи за сето ова, станав прониклив во сите аспекти на мојот живот, во кои ја користам математиката за да ги подобрам.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование