X
 16.06.2023 Образование

Познат факултет нуди диплома за пират

Еден од најпознатите факултети на светот, Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ), им нуди необична диплома на своите студенти. Имено, студентите што успешно ќе ги положат предметите стрелаштво, мечување, ракување со пиштол и едрење ќе добијат таканаречена „диплома за пират“.

Со полагањето на предметите се исполнува додипломско барање за предмети поврзани со физичко образование и здравје. Меѓутоа, дипломата не им дозволува на студентите да се занимаваат со пиратерија.

- Пиратската диплома е достапна само за студентите на МИТ и е поттик за студентите на додипломски студии да ги исполнат своите обврски, Таа е само за забавни цели и не му дава дозвола на примателот да се занимава со пиратерија или какви било пиратерски активности - објасниле од факултетот.

Иако дипломата не им дава лиценца на студентите да се занимаваат со пиратерија, им дава дозвола да ги користат вештините за дозволени цели.

Извор: Studentski
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование