X
 16.06.2023 Образование

УКЛО има успешни студенти-спортисти кои постигнаа високи резултати во повеќе спортски активности

По завршување на државните универзитетски лиги и универзитетски натпревари за академската 2022/2023 УКЛО бележи видлив успех во сите спортски активности.

Од сумираните резултати на сите натпреварувања констатирано е дека студентите на УКЛО се искачуваа на пиедесталот, односно освојуваа места и во екипна и во поединечна конкуренција.Сето ова дава дополнителна мотивација и понатаму да се продолжи со организација на спортски активности во повеќе спортови, како на ниво на УКЛО, така и на државно и меѓународно ниво.

Имено, академската 2022/2023 година за Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола беше доста активна на спортски план, посебно заради учеството во универзитетските лиги, организирани од Универзитетската спортска федерација на Македонија, во сите спортови.

Натпреварите во овие лиги започнаа минатата година во декември и тоа во спортовите мал фудбал и кошарка и продолжија во април и мај годинава, кога се одржаа и државни лиги во одбојка во категорија машки и женски, потоа поединечни првенства за студенти во пинг-понг, шах, куглање машки и женски и првпат оваа година се одржа Универзитетски куп во ракомет на кој домаќин беше нашиот универзитет и го освои првото место. На сите натпреварувања студентите на УКЛО постигнаа високи резултати.

1

2

За првпат беше организиран и универзитетски турнир во тенис „УКЛО ОПЕН“ на кој учествуваа академски, административен кадар и студенти од УКЛО од сите циклуси на студии.

По успешно одржаниот тениски турнир се очекува истиот да прерасне во традиционален и во иднина да се прошири во рамките на државното универзитетско првенство во тенис.

Според најавите од УКЛО, во иднина ќе следуваат уште интересни спортски содржини кои ќе ги понуди Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола. На овој начин, се очекува УКЛО дополнително да го збогатува и зголемува квалитетот на студирањето на УКЛО, посебно во делот на спорт и рекреација кај студентите и своите вработени.

4

Анита Гоцевска, студент на Високата медицинска школа – Битола, студент и активен спортист

anita

„Веќе десет години играм фудбал. Од нив, шест години сум активен член на женскиот фудбалски клуб „Топ гол“ од Битола, а од неодамна и тренер во младински категории. Учествував и на Ноќната атлетска трка со цел гордо да ја претставам Високата медицинска школа, како студент на студиската програма Општа медицинска сестра и воедно како активен спортист се израдував на освоеното трето место. Тоа беше ново искуство и нов мотив за мене. Апелирам до сите да почнат да се занимаваат со некој спорт, затоа што спортот и физичката активност се здравје за телото и духот“.

Теодор Волкановски, студент на Факултетот за безбедност – Скопје, државен првак во пинг – понг

3

„Со пин- понгот се занимавам професионално скоро 10 години од кои 4 пати сум државен првак и 4-5 пати вице шампион. Студирам на Факултетот за Безбедност во Скопје, единица на Униветзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола и ќе го претставувам и во наредните три години за време на моите студии и се надевам и понатаму, во најдобро можно светло. Им порачувам на сите идни студенти на УКЛО да се вклучуваат во вакви активности, бидејќи УКЛО ги поттикнува и спортот и рекреацијата бидејќи внесуваат нов квалитет во студиите“.

Дарко Попчевски, студент на Технички факултет – Битола, шах

2

„Со шах се занимавам веќе три години. Шахот и после повеќе од 2000 години останува мистерија за нас и тоа е она што го прави посебен.За мене лично најдобриот дел од шахот е што нема крај и секогаш има простор за напредок без разлика на нивото на јачина на еден играч. Ги охрабрувам студентите на УКЛО да практикуваат спортски активности, покрај едукацијата да се дружат, да се забавуваат, да рекреираат. На тој начин се развиваат лично и го збогатуваат својот студентски живот“.
Цитат: Move in silence, only speak when it’s time to say checkmate….

Димитар Петровски, студент на Техничкиот факултет - Битола, пинг-понг

1

„Со пинг-понг се занимавам активно скоро 1 година, тренирам 3 пати во неделата. Би сакал да учествувам на што поголем број на турнири каде ќе го претставувам мојот факултет исто така и клубот во кој тренирам“.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование