X
 16.08.2019 Живот

Овие патници покажаа како се излегува од авион

Сите што често патуваат и користат авион како превозно средство неретко се сведоци на непријатни ситуации кои се случуваат во авионите.

Главно тоа се недоразбирања меѓу екипажот во авионот, стјуардесите и патниците, но и меѓу самите патници. Лошото однесување на патниците е често во текот на летот, а се случувало дури и да избие тепачка меѓу нив.

За среќа, има и поинакви ситуации со кои може да се пофалат авиокомпаниите.

Имено, снимка на која патниците трпеливо го чекаат нивниот ред за да излезат од авионот, ги пуштаат другите патници, ја покажа културата на канадските патници што биле во авионот на компанијата „Вест џет“.

На забрзаната снимка, која на „Твитер“ ја постави менаџерот за комуникации на оваа авиокомпанија, може да се види дека е потребно само малку трпение за летот да им заврши убаво на сите, без непотребни нервози и тензии.

- Канадските патници трпеливо чекаат за да го напуштат авионот, мирно и по ред - напиша менаџерот за комуникации Дара Дојл.

Снимката всушност прикажува брз и навистина ефикасен начин за напуштање на авионот, без метеж и кавги. Оваа снимка доби многу позитивни коментари на „Твитер“.

- Не се како Ирците кои стануваат пред да слета авионот - напишал еден твитерџија.

- Ова е чиста инспирација. Вака се прави, но поради некоја причина, Англичаните мислат дека вратите се отвораат побрзо ако тие побрзо станат - наведува друг твитерџија.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот