X
 31.03.2017 Образование

Десет факти кои матурантите треба да ги знаат за УТМС

Еден од најважните и предизвикувачки периoди во животот на секој млад и амбициозен човек е изборот на вистинскиот факултет. Изборот зависи од условите и перспективите кои факултетот им ги нуди на студентите во однос на стекнување на квалитетни знаења, способности и вештини, потребни за градење на успешна професионална кариера. Со цел матурантите да добијат целосни информации за избор на факултет, УТМС наведува 10 причини кои се препознатливи на врвните универзитети во светот и поради кои амбициозните матуранти треба да го изберат токму УТМС:



1. Дипломата на Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје е меѓународно призната.
Студентите кои сакаат своето високо образование да го продолжат во странство или да се вработат, со дипломата од УТМС ја добиваат таа можност затоа што меѓународната образовна и бизнис јавност ја препознава како идентична со нивните. За тоа говорат примери на студенти кои својот едукативен или бизнис трансфер го направиле во странство. Докажано во многу примери, дипломците на УТМС веќе градат успешни кариери во Република Македонија и странство.


2. Методологија на студирање. Проактивна и интерактивна методологија, објективност во оценувањето и постојана вклученост на студентот во процесот на учење и бизнис симулации е една од основните причини зошто УТМС продуцира висококвалитетен кадар.


3. Признат квалитет. Многубројните национални, регионални и светски признанија се резултат на високиот стандард на учење и врвниот квалитет на настава. Сите признанија се интегрираат во дипломата на студентот и со тоа е конкурентен на пазарот на трудот и има предност при вработување.



4. Центар за кариера. Функционира на повеќе нивоа преку: вклучување на студентите во практични, истражувачко-креативни проекти, бизнис симулации за време на наставата, овозможува вработување по дипломарањето и редовни пракси во реномирани организации во земјата и странство за време на студиите.



5. Наставно- научни практикуми. Во рамки на наставата во функција на примена на теоретските знаења во реални бизнис ситуации, студентите на УТМС континуирано посетуваат меѓународни саеми, семинари, конференции и настани кои го подобруваат нивниот професионален профил.



6. Размена и студии во странство преку Еразмус+ програмата. УТМС активно ги користи можностите кои ги нуди Еразмус + програмата со што на студентите им овозможува дел од студиите да ги завршат на еден од престижните универзитети во светот. Во рамките на меѓународната соработка на УТМС со врвни универзитети од целиот свет, студентите од УТМС имаат можност за меѓународно позиционирање.


7. Гости предавачи. Амбасадори, министри, дипломати, директори и експерти од сите области, како од земјава така и од странство, пред студентите на УТМС држат интерактивни предавања со цел презентираното искуство да знаат и умеат да го применат во професионалната работа по дипломирањето.



8. Посета на меѓународни саеми и настани. Студентите на УТМС градат одлична меѓународна мрежа уште за време на студиите.



9. Современи услови за работа. Дигитално опремените предавални и амфитетарот овозможуваат квалитетни услови за работа. Електронската библиотека и дигиталниот пристап во студиите го олеснуваат учењето и комуникацијата помеѓу студентите и академскиот кадар



10. Професионален академски кадар. Кој е во постојана комуникација со студентите, лична и електронска, секогаш достапен и со проактивен пристап.

Сепак, студентските денови се едни од најзапаметените периоди во животот.

Матуранти, УТМС Ви препорачува добро да размислите и да ја донесете вистинската одлука, бидејќи изборот на универзитет е избор на професија, а изборот на професија е избор на вашата иднина и исполнување на вашите соништа и идеали. Повеќе информации на: http://utms.edu.mk/upis
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование