X
 02.05.2017 Живот

Западен Мосул - некогаш и денес после конфликтот

Ирачкиот командант очекува дека овој месец неговите сили целосно ќе го контролираат Мосул и покрај отпорот на Исламска држава во густо населената област на стариот дел на градот.

мосул
Фото: Twitter

Битката би требало да биде завршена во период од три недели, вели началникот на генералштабот, генерал-полковник Отман ан-Гханми. Коалицијата на Америка обезбедува воздушна и копнена поддршка за офанзива на ирачката војска на Мосул, најголемиот град во Иран кој паднал во рацете на сунитските муслимански борци во јуни 2014 година.

Исламска држава изгуби поголем дел од градот уште од почетокот на офанзивата во октомври минатата година и сега се наоѓа во регионот во соседството на северозапад, вклучувајќи го и историскиот дел од градот. ОН проценува дека на ова подрачје се наоѓаат половина милион луѓе, од кои 400.000 се наоѓаат во стариот дел од градот.

На видеото во продолжение можете да забележите како изгледал овој град пред бомбардирањето и пред конфликтот.

 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот