X
 10.06.2017 Образование

Матурантите со уште обврски, денеска беа на испит по вториот екстерен предмет од државната матура

Полагав англиски јазик, тестот не беше тежок напишав и есеј . Прашањата беа познати, од материјалот кој сме го учеле. Следниот  екстерен предмет кој треба да го полагам е историја, а од интерните ќе полагам по предметот основи на право. Не сум одличен ученик, мојот успех е многу добар. Плановите ми се да го продолжам образованието, да се запишам  на „Правен факултет”  на универзитетот „св  Кирил и Mетодиј” рече Маринко Момчиловиќ  еден од  15. 201 матурант кој денеска полагаше англиски јазик како втор екстерен предмет од државната матура.



Неговите соученици од СУГС „Васил Антевски-Дрен” исто го избрале англискиот јазик за втор предмет, место математика или некој друг странски јазик.

-Полагав англиски јазик. Една недела се подготвував. За македонски јазик очекувам висока оценка исто и за англиски.

-Следен предмети кои треба да ги полагам ми се основи на јавно право и бизнис. Се подготвував со ментор за денешното тестирање, имаше  прашања на заокружување и надополнување и есеј, сѐ пополнив.

Без проблеми тече матурата. Очекуваме да си ги потврдат знаењата кои ги стекнале изминативе години. Сите оние кои завршија училиште не се на поправен испит  во августовската сесија си продолжуваат со полагањето, сите сѐ на училиште.
-Разговарав со учениците на тие што знаат не би требало некое дополнително спремање, не е нов материјал туку оној кој е работен четири години. Солидни резултати мислам дека ќе дадат затоа што мислам дека и тие се задоволни, 444 ученици се пријавени за полагање странски јазик, изјави Александар Канурков, директор на СУГС „Васил Антевски-Дрен”

Од државниот испитен центар  велат дека во сите училишта тестирањето започнато навреме. Испитниот материјал бил дистрибуиран утрото.

-Приговори  можат да се поднесуваат, за сите три екстерни предмети од државната матура што ги полагаат матурантите. Кога ќе ги објавиме прелиминарните резултати веднаш имаат право да поднесат приговор , ако не се задоволни од оценката. Приговорот чини 1.000 денари. Ако приговорот им биде прифатен средствата ќе му бидат вратени на ученикот, рече Мируше Амети, директорка на државниот испитен центар

Инаку само 26 матуранти полагаа руски јазик  за втор предмет од државната матура, 108 француски  и 197 германски. На 12 Јуни  закажан е испитот по математика за кој се имаат пријавено  2.070 кандидати, а 14 Јуни ќе бидат тестирањата по  екстерните предмети естетика, филозофија, хемија, физика, биологија, историја и бизнис.
Подготвил: В.М

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование